Унгарскиот гигант Веспрем ја запиша втората победа во третиот натпревар од Лигата на шампионите, откако славеше кај Динамо Букурешт со 30-27.
Веспрем губеше со 22-20 на петнаесетина минути до крајот, но тогаш го „сврте“ мечот и успеа да направи комплтен пресврт, за кој се погрижија Пешмалбек и Ремили со три гола во серија.
Беше 29-24 за Веспрем, романскиот првак намали на минус два во финишот, но Ремили стави точка на мечот.
Најдобри стрелци во унгарскиот тим беа Ремили со седум и Адел со пет погодоци, додека голманот Коралес имаше 11 одбрани. Во составот на Динамо Букурешт, седум гола даде Лангаро.
Данскиот Алборг по поразот кај Фуксе, им се врати на победите и успеа да го победи незгодниот Спортинг Лисабон со 35-30.
Алборг водеше во текот на целиот меч, имаше и плус седум и во ниту еден момент Спортинг не ја загрози високата предност на домашните ракометари.
Предводници во победата беа Јул Ласен со девет, како и Кнор и Нилсон со по пет погодоци, додека голманот Ландин имаше десет погодоци. Кај Спортинг по шест гола имаа Торкелсон и Кико Кошта.


























