Михаел Видерер, актуелниот претседател на Европската ракометна федерација, ќе биде на истата функција и во наредните четири години.
Тој ќе го започне својот трет мандат што ќе трае до 2029, откако беше единствен кандидат на Изборниот конгрес на ЕХФ, а неговото останување на функцијата беше изгласано од федерациите.
Видерер првпат беше избран за претседател на ЕХФ во 2016 година на Конгресот во Сент Волфганг, Австрија, наследувајќи го Жан Брио од Франција. Во 2021 година, на Конгресот во Виена, неговиот мандат беше продолжен.
Австриецот беше генерален секретар на ЕХФ од 1992 до 2016 година, а сега е четвртиот претседател во историјата на федерацијата.
Потпретседател останува Црногорецот Предраг Бошковиќ, а претседател на Натпреваручката комисија останува Србинот Божидар Ѓурковиќ.