Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од третото коло во Лигата на шампионите.
Најдобрата судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски добија нова задача и ќе патуваат во Полска.
Тие ќе ја делат правдата на дербито меѓу полскиот вицепрвак Келце и германскиот шампион Фуксе Берлин.
Овој натпревар на кој делегат ќе биде Предраг Павичевиќ од Црна Гора е закажан за 25 септември во салата „Легионово“ со почеток од 18:45 часот.