Унгарскиот Балатонфуреди и босанската Вогошча се првите две екипи што обезбедија место во втората рунда на ЕХФ Европскиот Куп.
Балатонфуреди немаше проблеми против турскиот Бејкоз и запиша две убедливи победа во двомечот на домашен терен.
Македонскиот Бутел, австрискиот Вослауер, косовската Беса, босанската Слога Добој…се на чекор до билет за второто коло.
Таму е веќе босанскиот тим Вогошча кој направи мало чудо во двомечот со Еш од Луксембург на гостински терен. По поразот од првиот меч со 11 гола разлика, Вогошча имаше и негатива од еден гол на паузата на реваншот.
Тогаш изведе мало чудо, ја надомести разликата од првата средба само за едно полувреме и мечот заврши со ист резултат, 42-31.
Потоа во пенал-рулетот, Вогошча погоди два од трите обиди, додека Еш ниту еднаш во четирите шута, па босанскиот тим слави пласман во второто коло.
Грчкиот ПАОК, за кој на официјален меч дебитираше Македонецот Евгениј Темелкоски, славеше во грчкиот двобој против Врисилија со 27-20 и се наоѓа на чекор до прогрес.
Темелкоски даде два гола од два обиди, додека одлична партија за ПАОК имаше и екс голманот на Еурофарм Работник, Пелистер и Тиквеш – Игор Арсиќ, со 18 одбрани.
ЕХФ Европски Куп, 1 коло, резултати:
Балатонфуреди – Бејкоз 43-20, 42-18
Дуделанж – Бутел Скопје 27-31
Слога Добој – Гранитас Каунас 37-21
Вослауер – Мистра 31-23
Еш – Вогошча 31-44 пен., 42-31
Врисилија – ПАОК 20-27
Беса Фамгас – Депсас 39-34