Ојлески: Противникот е се подобар, но и ние имаме свои квалитети

Со натпреварот меѓу „сино-белите“ од Автокоманда и амбициозниот Охрид ќе се комплетира првото коло од македонската Супер лига.

Охриѓани имаа одлична претсезона, успеаја да освојат два трофеи, па сега со уште поголема самодоверба влегуваат во првенството.

Капитенот Гоце Ојлески вели дека противникот секоја сезона е се подобар, но и Охрид оваа сезона исто така е квалитетен.

„Не очекува стартот на сезоната кој сите со нетрпените го очекуваме. Мислам дека ги одработивме доста квалитетно подготовките и спремни сме за натпреварување. На стартот следи дерби натпревар со екипата на Алкалоид, екипа која е екстра квалитетна, играат доста брз ракомет, добро се воиграни и неколку години се заедно и секоја година се се подобри. Но, ние сме исто така оваа година доста квалитетни, можеби ќе ни треба повеќе време да бидеме во најпосакуваната форма. Сепак ова е прв натпревар оваа сезона, ќе дадеме максимум и се надевам на позитивен резултат“, изјави Ојлески.

Натпреварот меѓу „сино-белите“ од Автокоманда и Охрид се игра в среда во салата во Автокоманда со почеток од 18:30 часот.