Вардар лесно се справи со младите стружани

Брзо заборави Вардар на поразот во Супер купот, и со триумф на гостувањето кај Струга, 38-25 (20-12) ја почна трката за титулата во првенството. Беа фаворити гостите, тоа го покажаа, со двоцифрена предност на крајот од мечот.

„Црвено-црните“ настапија без Гоце Георгиевски, Јака Малус, Махамаду Кеита, Милош Валах, Вуко Борозан. Но, во тимот се вратија Мигуел Фереира, Николас Боно и Мигуел Пинто. Тренерот Чупиќ комбинираше за да ги искористи максимумот од осум странци во тимот.

Стружани можеа само да се надеваат на „добра игра“ зашто вардарци не им дозволија да се надеваат. Сепак домашните до 7. минута имаа водство, 4-3. Потоа се беше во знакот на гостите. Главната цел на стружани ќе биде опстанок, и секако собирање повеќе бодови во регуларниот дел од сезоната. На оваа средба тоа не беше можно.

До крајот на полувреме предноста се искачи на 20-12, а самошто почна вториот дел се „раситни десетката“, 21-11. До средината на вториот дел, разликата беше 9-10-11 голови, додека Харуки Кавада во 45 минута првпат не зголеми на „плус 12“, за водство 30-18.

Потоа рутински се завршија и последните 15 минут од мечот, а во последните секунди Марек Марчинијак со гол во контта го постави конечниот резултат, 38-25.
Харуки Кавада со 9 гола беше најпрецизен кај Вардар, а Стефан Атанаосвки даде 7 за Струга.