НЕСЕКОЈДНЕВНО: Ќе брани за еден клуб, а ќе биде тренер на голмани во друг – во друга држава!

Искусниот српски голман Голуб Докниќ продолжува да руши бариери во ракометот. И во наредната сезона ќе го брани голот на австрискиот Алпла Хард, клуб во кој веќе израсна во вистинска икона, а паралелно ќе ја започне и својата тренерска мисија во Швајцарија, каде ќе биде дел од стручното раководство на Фади Винтертур!

Екс голманот на Вардар, кој со Алпла освои повеќекратни титули во Австрија, доби примамлива понуда од тренерот на Винтертур – Горан Цветковиќ, на која едноставно не можеше да каже „не“.

Па така, искусниот чувар на мрежата ќе ја продолжи играчката кариера во Австрија, а во исто време ќе ја почне тренерската кариера во друг клуб и во друга држава.

Сепак тоа нема да биде којзнае каков проблем за Докниќ, бидејќи меѓу Австрија и Швајцарија нема гранични контроли, а растојанието меѓу Хард и Винтертур е околу 90 километри, па со автомобил ќе стигнува за 1 час и 10 минути.