Раководството на РФМ на прием во ЕХФ

Раководството на Ракометната федерација, претседателот Александар Стефанов и генералниот секретар Влатко Тасевски, денеска беа на прием во седиштето на ЕХФ во Виена.

Во европската куќа на ракометот, беа примени од претседателот на ЕХФ, Михаел Видерер и генералниот секретар, Марин Хауслајтнер.

Покрај разговорите за напредок на македонскиот ракомет, на Видерер му беше доделена плакета за поддршката кон нашиот спорт.

РФМ е кандидат за домаќин на Европското првенство за мажи во 2034 година заедно со Србија и Словенија, а во меѓувреме сигурно ќе биде поднесена кандидатура за организација на некои од младинските шампионати.