OХРИД 2025: Нексе го совлада Вардар и слави трето место

Ракометарите на Нексе го освоија третото место на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако славеа против македонскиот вицепрвак Вардар со 28-26 во наптревар во кој „црвено-црните“ покажаа низа слабости.

Во првиот дел хрватскиот вицепрвак ја имаше контролата на теренот и водеше во повеќе наврати со три гола, но како се наближуваше финишот, така Вардар се враќаше во егал.

Со влегувањето на Танкоски и Кавада во игра, се зголеми инвентивноста во нападот на Вардар, па израмнија момците на Иван Чупиќ на 14-14, потоа беше и 15-15. Но вардарци останаа со двајца играчи помалку и Нексе даде гол за минимална предност на паузата, 16-15.

На стартот на второто полувреме се играше гол за гол, а потоа се разбрани Радовановиќ и Нексе отиде на плус два, 23-21, па Чупиќ мораше да бара минута одмор. Во следниот период се продолжи во ист стил.

Нексе – Вардар

Вардар намали на минус еден, 25-24, но Радовановиќ му одбрани пенал на Боно по вторпат. Кога останаа уште пет минути до крајот и Гогов фати седмерец. Нексе искористи една грешка и казни за 26-24, а таква залиха ја задржа до крајот.

Седмото место го освои екипата на Динамо Панчево со победата над Киндил со 28-24, петти заврши Партизан откако славеше против Тримо Требње со 33-30, додека финалето меѓу домаќинот Охрид и Еурофарм Пелистер е на програмата од 20:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори“.