ПРИЛЕП 2025: Тиквеш ќе го предизвика домаќинот, Еурофарм Пелистер 2 на чекор до финале

Денеска може да бидат познати двата тима што би играле во финалето на 10. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп.

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 по триумфот над Пролет може со победа над српската Црвена Звезда да го обезбеди првото место во групата и пласманот во финалето.

Истото се однесува и на домаќинот Прилеп, кој откако славеше над Бутел Скопје, ако слави против кавадарчани ќе може да се радува на место во борбата за трофеј.

Распоред на натпревари „Миле Нешкоски“:

18:00 Црвена Звезда – Еурофарм Пелистер 2
20:00 Прилеп – Тиквеш