Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од првото коло во ЕХФ Европскиот Куп.
Македонската двојка Методија и Михајло Илиевски добија двојна задача на стартот од новата сезона.
Браќата од Битола ќе патуваат во Констанца, каде ќе го судат двомечот против кипарскиот Строволос.
Двата меча ќе се играат во салата „Симона Аманар“ во Констанца, на 13 и 14 септември со почеток во 17:00 часот.