Тимот на Младост Богданци го засилува својот ростер со бразилски кружен напаѓач во борбата за Супер лигата.
Жоао Габриел Диас Гекас е 23-годишен ракометар кој ќе дојде во тимот предводен од Горан Андоновски.
Станува збор за поранешен младински репрезентативец на Бразил, кој доаѓа од составот на Сао Каетано.
Бразилецот доаѓа во Богданци откако не беше реализиран трансфер на белорускиот пивот Никита Соколов.