Македонските репрезентативци Мартин Томовски и Мартин Карапалевски играа еден против друг на пријателски турнир.
Томовски со германскиот Битигхајм и Карапалевски со шпанскиот Ваљадолид се дел од турнирот во шпанската Кантабрија.
На првата средба победник излезе Томовски, откако бундеслигашката екипа славеше против Ваљадолид со 33-29.
Во следните три дена, двете екипи ќе ги одиграат натпреварите по групи, додека в недела ќе се разигрува за пласман.