ПРИЛЕП 2025: Еурофарм Пелистер 2 го торпедира Пролет, Прилеп подобар од Бутел

Денеска стартуваше 10. издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, а на првиот ден победи забележаа домаќинот Прилеп и Еурофарм Пелистер 2.

Новиот суперлигаш од Битола славеше убедливо против Пролет со 27-16, а победата тимот на Зарков ја најави уште по првиот дел кога беше 10-7.

Најдобри стрелци во победничката екипа беа Азис Махфуд со шест и Баптист Одифред со пет погодоци, додека кај Пролет се истакна Андреј Стојановски со седум гола.

Во вториот натпревар од првиот ден, домаќинот Прилеп запиша победа против Бутел Скопје со 33-28.

Предводник на прилепчани беше засилувањето Димитар Димитриоски со седум погодоци, а по пет имаа Кастратовиќ, Шабановиќ и Квастек.

Во составот на Бутел се истакнаа Димитар Узунчев и Дамјан Субашевски со по пет погодоци.