Во рамките на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ ќе се игра и најголемото македонско дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер.
Првото „ел класико“ од трите во претсезоната ќе се одигра без главните ракометари во двете екипи.
Во составот на Вардар ќе отсуствуваат повредените Милан Лазаревски, Вуко Борозан, Кристијан Стаменковиќ, Мигел Пинто, а надвор од комбинација остана и голманот Мигел Еспиња Фереира.
Македонскиот првак ќе биде без капитенот Филип Кузмановски, нема да брани ниту Никола Митревски, а надвор од комбинација се повредените Самоил Ристевски и Цветан Кузманоски.
Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе стартува од 21:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори“, а ќе го судат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.
Вардар: Валах, Богдановски, Гогов, Стојановски, Кеита, Георгиевски, Ќосевски, Јанковски, Анастасовски, Горига, Талески, Митровиќ, Марчињак, Боно, Танкоски, Кавада, Малус
Еурофарм Пелистер: Maнасков, Атанасијевиќ Петар, Радивојевиќ, Хекбарт, Валид, Пешевски, Хеидарирад, Брестовац, Атанасијевиќ Павле, Хенигман, Тајник, Калајџиески, Хаџиќ, Цехте, Хосни, Видомски, Абутовиќ.