„Македонската“ Аполда влегува во ритам

Германскиот тим Аполда, кој важи за македонска колонија, ја одработува втората фаза од подготовките за новата сезона.

Новите засилувања во клубот предводен од Игор Тоскоски се македонските бекови Христијан Милошески и Дејан Гошевски, а од претходно таму е кружниот напаѓач Пеце Ѓорѓиески,

Аполда минатиот викенд имаше тренинг камп, на кој победи на два меча со екипи од истата регионална конкуренција.

На првиот меч Аполда славеше против Хале со 26-23 и против Ашерслебен, „македонскиот“ тим беше подобар со убедливи 12 гола разлика, 36-24.