Лино Червар: Напишав книга што сакам да ја прочитам

Со над 50 години тренерски стаж и искуството што го има, Лино Червар, еден од најдобрите ракометни тренери на светот останува со спосртот што го сака, објавувајќи уште една книга. Овојпат книга што, како што вели „сакам да ја прочитам“.

Како промотор на турнирот „Крсто Андоновски“, пред почетокот на натпреварите, ја промовираше својата книга „РАКОМЕТ – пат до врвот и тајните на успехот“. Охрид е третото место каде книгата има промоција.

„Ја напишав книгата што сакав да ја прочитам. Теоријата е кога се се знае, а ништо не функционира. Пракса е кога се функционира,а малкумина знаат зошто. Јас се водам како човек кој сака да ја спои теоријата и праксата. Но, ракометот, фудбалот и кошарката не се наука. Но, науката може да помогне. Ја напишав книгата како тренер со 50 годинии иксутво. Бев од најмали клубови, па до најголеми, Книгата ја напишал тренер, а не научник. Незнам некој да напишал книга како тренер, ја почна промоцијата Червар.

Во книгата има многу занимливи детали од тоа како да се направи успех, изјави од неговите соиграчи, тренери кои му бил еривали…

„Не сакав да бидам подобар, но посебен да, Тренерот мореа да биде посебен. Има луѓе кои мислат дека ракометот со раце и нозте, дека кошарката се игра со раце и нозе, но тоа се оние истите луѓе мислат дека пијанистот се спрема з анастап, дека тој се спрема трчејќи, продолжи Червар.

Како одличен мотиватор, менаџер и пред се тренер, Лино Червар почна со тоа како со репрезентацијата на Хрватска во 2003 година беше светски првак и потоа и Олимписки првак. За тоа како ги мотивирал, и што им зборувал.

Му требале 3,5 години и имал потрошено над 3.000 листови додека ја напишав. Имал понуди од многу издавачки куќи за издавање, но се решава за оние кои биле според неговите размислувања.