Гледајте меч на турнирот во Охрид за 100 денари – блок билетите со двојно поевтина цена

Од вторник почнуваат натпреварите на 4. издание на меѓунарордниот турнир во Охрид – „Крсто Андоновски“, а организаторот ги пушти во продажба и билетите за натпреварите кои се играат во СС „Билјанини Извори“.

Цената на билет за поединечен меч е 100 денари, и истиот може да се купи на билетарницата на СС „Билјанини Извори“. Има можност да набавите и блок билети за сите 16 натпревари на турнирот. Тој блок билети чини 800 денари, и важи за времетраењето на целиот турнир.

Турнир „Крсте Андоновски“ ќе се одржи од 19 до 23 август, потврдено е учеството на осум екипи.

Покрај домаќинот Охрид, претставници од Македонија ќе бидат двата најдобри клуба – Еурофарм Пелистер и Вардар.

Од странските екипи, како и лани доаѓаат српските екипи Партизан и Динамо Панчево, но и хрватскиот Нексе Нашице.

Во групата А се наjдоа Охрид, Партизан, Нексе и тимот од Фарски Острови – Киндил, додека во групата Б се Вардар, Еурофарм Пелистер, Тримо и Динамо Панчево.

Големото финале е на програмата на 23 август од 20:00 часот.