Охрид го освои првиот трофеј во долгата историја на Струшкиот турнир, откако славеше над Бутел Скопје со 30-24.
За најдобар голман беше избран Бојан Блажески, некогашен член на Бутел Скопје, а од ова лето на Охрид, кој мораше да игра против поранешниот клуб.
„Честитки и за мојот поранешен клуб, изгледаа феноменално, одлично играа и фер. Честитки и за нас за првото место. Ова е прва индивидуална награда во новиот клуб, секако дека ќе ми значи многу за самодовербата, но без другите момци сигурно немаше да ја добијам. На крајот на денот, екипата го прави индивидуалецот и обратно. Одлично што го освоивме овој турнир, ја оправдавме фаворитската улога и ова ќе ни биде важно за да создадеме победнички менталитет. Сега треба да се подготовиме за нашиот турнир каде не чекаат многу сериозни екипи. Еден ден ќе прославиме, но веќе од понеделник се подготвуваме за турнирот во Охрид“, вели Блажески.
Охрид ќе игра против Киндил од Фарски Острови, Партизан и Нексе во групната фаза на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ од 19 до 23 август.