Aндреј Петковски се сели во еден од најдобрите полски клубови!

Македонскиот чувар на мрежата, Андреј Петковски, ќе ја продолжи својата кариера во полскиот шампионат.

Петковски е нов голман на Азоти Пулави, екипа што имаше големи финансиски проблеми, но во последен момент доби лиценца за настап и ќе игра во најсилната конкуренција.

Македонскиот голман ќе го замени Зураб Цинцадзе, екс голманот на Прилеп и Охрид, кој по две сезони си замина од Азоти Пулави.

Андреј е син на некогашниот репрезентативец Зоран Петковски, бранеше во Вардар и Вардар Јуниор, па Голден Арт, а последните четири сезони ги мина во составот на Пролет.

Азоти Пулави долго време беше во сенка на Келце и Висла Плоцк и најчесто завршуваше на третата позиција на табелата, но во последните неколку сезони имаше финансиски проблеми, летово го загуби и главниот спонзор…

Сепак раководството успеа да го реши финансиското прашање, клубот доби лиценца за полскиот шампионат, а сега го формира играчкиот кадар.

Андреј Петковски е третиот македонски голман што ќе брани за овој полски клуб, откако претходно голот го чуваа Даниел Дупјачанец и Кирил Колев.