Екипата што со пласманот во финалето на Купот на Хрватска успеа да избори Европа, Дуго Село, има нов тренер.
Нов шеф на стручниот штаб на Дуго Село ќе биде Тони Чолина, кој долго време го водеше босанскиот шампион Извиѓач Љубушки.
Со овој клуб оствари одлични резултати, беше на клупата на младинската, но и сениорската селекција на Босна и Херцеговина.
Дуго Село ќе игра во квалификациите за Лигата на Европа против локалниот ривал Сесвете, а победникот од овој двобој ќе биде во групата на Вардар, каде што се уште и францускиот Тулуз и шведскиот Кристијанштад.