Игор Карачиќ има нов клуб!

Легендата на Вардар, Игор Карачиќ, во новата сезона ќе ги браните боите на хрватскит првак Загреб.

Средниот бек имаше примамливи и финансиски добри понуди од Азија, но сепак се реши за камбек во татковината, пишуваат хрватските медиуми.

Карачиќ го започна својот пат во Зрињски Мостар, играше за Перутнина ПИПО, Метковиќ и Босна, пред да дојде во Вардар.

Во Скопје мина најголем дел од кариерата, вкупно седум сезони и освои две титули во Лигата на шампионите.

Потоа беше шест сезони дел од Келце, а сега се реши за хрватскиот првак со кој ќе игра против Еурофарм Пелистер во ЛШ.