Трансферот во македонскиот шампион Еурофарм Пелистер е прв на меѓународна сцена за полскиот интернационалец Анжеј Видомски.
Десниот бек тренира уште од првиот ден со пелистерци и ќе се обиде да се наметне кај новиот тренер Рубен Гарабаја, а ќе има силна конкуренција во Нејц Цехте и Усама Хосни.
„Веќе неколку дена сум во Битола. Немав многу време да прошетам и да го запознаам градот, но моите први впечатоци се позитивни. Настапувам на позиција десен бек, сакам да играм „еден на еден“, а и шутот исто така ми е добра страна. Го гледав Еурофарм Пелистер на телевизија минатата сезона, ги следев натпреварите од Лигата на шампионите и одлучувачкиот натпревар против Вардар“, изјави Видомски.
Пелистерци ќе се подготвуваат во Битола и на Златибор, а потоа ќе настапат и на турнирите во Охрид и Скопје.