ЕМОФ: Исланд ја среди и Хрватска и оди во полуфинале, Германија перфектна

По комплетирањето на натпреварите од второто коло од Европскиот младински олимписки фестивал, познати се дел од полуфиналистите.

На машкиот турнир, Исланд е прв во ТОП 4, откако по убедливиот триумф над Шпанија, високо ја совлада и Хрватска. „Фуријата“ и „коцкестите“ ќе се борат за второто место што води во полуфинале, а Македонија оди во разигрување за пласман од петто до осмо место.

Во групата Б, Германија немаше мака против Португалија, додека Унгарија ја совлада Норвешка. Унгарците одат на мегдан на Португалците за второто место што води во ТОП 4 каде веќе се „панцирите“.

Кај дамите, во групата А, фаворизираната Унгарија доживеа втор пораз и нема веќе шанси за полуфинале, каде веќе е Холандија, а Германија е само на чекор до ТОП 4. Во групата Б, Швајцарија и Исланд со две победи одат понатаму.

ЕМОФ 2025, мажи, резултати:

група А
Исланд – Хрватска 35-21

Шпанија – Македонија 31-26

група Б
Унгарија – Норвешка 33-22
Германија – Португалија 30-20

ЕМОФ 2025, жени, резултати:

група А
Франција – Холандија 27-28
Германија – Унгарија 33-14

група Б
Швајцарија – Македонија 33-20
Норвешка – Исланд 25-30