Женската младинска репрезентација на Македонија иако водеше во најголем дел од мечот, сепак на крајот загуби од Португалија со 29-28 на Европското првенство во Црна Гора.
Со овој пораз, Македонија оди во битка за избегнување на „фенерот“ и на втор натпревар против Литванија, со која ремизиравме во претходниот меч. Иако голманката Гошевска имаше одлична партија, сепак одбраната дозволуваше лесни погодоци во нејзината мрежа.
Македонската голманка запиша 15 одбрани со 34% успешност на одбранети удари, а во нападот, капитенот Миленкоска имаше шест погодоци, додека Беровиќ и Конеска запишаа по пет реализации. Последниот меч на ЕП, Македонија го игра в недела против Литванија.
Македонија отворија одлично со водство 5-1 и 6-2, но како одминуваше времето, така Португалките се приближуваа резултатски во натпреварот. На паузата беше 13-11, а на стартот на вториот дел успеваа избраничките на Симовски да ја имаат контролата, но следуваше огромен пад.
Во 45 минута беше 21-18, а потоа Португалија со серија од 8-1 направи комплетен пресврт, 26-22 и тука практично го реши прашањето околу победникот. Во финишот нашите ракометарки успеаја да намалат на минус еден, но немаше време за камбек и позитивен резултат.