Вардар во група со Кристијанстад, Тулуз и тим од Хрватска

Макеоднскиот вицепрвак Вардар во групната фаза од Лига Европа Ќе игра против екипите на Кристијанстад, Тулуз и побендикот од хрватскиот дуел меѓу Дуго Село и Сесвте беше решено со ждрепка во седиштетот на ЕХФ.

Групата е релативно лесна, каде Вардар има реални шанси да се бори за првите две места во групата што водат во следната фаза. „Црвено-црните“ добија не многу атрактивни ривали, барем не на хартија.

Вториот македонски клуб во Лига Европа, ќе игра квалификации, и доколку биде подобра од Хановер, тогаш тимот од Автокоманда ќе биде во група со Фредериција, Татран и победникот од Савехов и Малме.

Тоа би требало да биде релативно лесна група, но прво треба да се минат квалификациите.

Актуелен шампион на Лига Европа е Флензбург кој триумфираше на Ф4 турнирот во Хамбург.

Еве ги сите групи од групната фаза на Лига Европа

Група А
Флензбург
Потаиса Турда
Морс/Ст.Рафаел
Брага/Бидасоа

Група Б
Монпелје
Островија
Кил
Берн/Чаковец

Група Ц
Гранољерс
Слован Љубљана
Скандеборг/Мадеира
Баја Маре/Стјарнан

Група Д
Порто
Фрам
Елверум/Торелавега
Горење/Луцерн

Група Е
Мелсунген
ФТЦ Будимпешта
Бенфика
Глогов/Карлскрона

Група Ф
Кристијанстад
Вардар
Тулуз
Дуго Село/Сесвете

Група Г
Фредериција
Татран Прешов
Хановер?Алкалоид
Савехов/алме

Група Х
Кадетен
Нексе
Адемар Леон
Партизан/Карвина