Ракометарите на Вардар денеска ги дознаа ривалите во групната фаза од второто по ранг европско клупско натпреварување, Лигата на Европа.
„Црвено-црните“ ќе бидат дел од групата ф и ќе играат против Кристјанстад, Тулуз и победникот од дуелот Дуго Село/Сесвете.
Според првичниот распоред Вардар ќе игра на домашен терен против екипата на Дуго Село или Сесвете на 14 октомври.
Првото гостување тимот на Иван Чупиќ ќе го има на 21 октомври кај екипата на …. додека групната фаза ќе ја затвори на 2 декември со домашен натпревар против истата екипа.
Лига на Европа, групна фаза, распоред на натпревари:
14.10.2025 Вардар – Дуго село/Сесвете
21.10.2025 Тулуз – Вардар
11.11.2025 Вардар – Кристијанстад
18.11.2025 Кристјанстад – Вардар
25.11.2025 Дуго Село/Сесвете – Вардар
02.12.2025 Вардар – Тулуз