Европската ракометна федерација ги објави шеширите пред ждрепката за групната фаза во новата сезона во Лигата на Европа.
20 Екипи добија директно место во групите, додека останатите 12 ќе бидат дефинирани по квалификациското коло.
Меѓу оние што имаа директно место е македонскиот вицепрвак Вардар кој е во вториот шешир, додека „сино-белите“ од Автокоманда ќе играат квалификации.
Тимот на Кирил Лазаров ќе игра против бундеслигашот Хановер, а победникот ќе се најде во третиот шешир пред ждрепката.
Во оваа фаза важи правилото дека не може две екипи од иста земја да бидат во иста група, па веројатно ќе има повеќе „разместувања“ по групи, отколку ждрепка.
Ждрепката е закажана за утре во Виена од 11:00 часот.
Лига на Европа, мажи:
групна фаза (14 октомври – 2 декември)
шешир 1: Фленсбург (Германија), Мелсунген (Германија), Монпелје (Франција), Порто (Португалија), Гранољерс (Шпанија), Фредериција (Данска), Кадетен Шафхаузен (Швајцарија), Кристијанштад (Шведска)
шешир 2: Нексе Нашице (Хрватска), Потаиса Турда (Романија), Фрам (Исланд), Ференцварош (Унгарија), Вардар (Македонија), Островија (Полска), Татран Прешов (Словачка), Слован Љубљана (Словенија)
шешир 3: Кил (Германија), Тулуз (Франција), Адемар Леон (Шпанија), Бенфика (Португалија), Хановер (Германија)/Алкалоид (Македонија), Скандерборг (Данска)/Мадеира (Португалија), Елверум (Норвешка)/Торелавега (Шпанија), Морс (Данска)/Сен Рафаел (Франција)
шешир 4: Берн (Швајцарија)/Чаковец (Хрватска), Савехоф (Шведска)/Малме (Шведска), Дуго Село (Хрватска)/Сесвете (Хрватска), Баја Маре (Романија)/Стјарнан (Исланд), Хробри Глогов (Полска)/Карлскрона (Шведска), Горење Велење (Словенија)/Криенс Луцерн (Швајцарија), Бидасоа Ирун (Шпанија)/Брага (Португалија), Партизан (Србија)/Карвина (Чешка)