По објавувањето на аудио снимката во која селекторот на машката младинска репрезентација на Хрватска, Борис Дворшек, ги навредува и омаловажува своите ракометари, јавноста е згрозена, а Хрватскиот ракометен сојуз најави официјална истрага.
Иако некои медиуми објавија дека Дворшек веќе поднел оставка, од ХРС тоа го демантираа и излегоа со официјално соопштение.
„Хрватскиот ракометен сојуз најостро ги осудува ваквите форми на изразување и однесување како неприфатливи. Известени се надлежните органи кои ќе ја истражат целата ситуација и потоа ќе бидат донесени соодветни одлуки.“
Снимката, за која се верува дека е направена за време на полувремето од натпреварот за 11. место на Светското првенство против Австрија, покажува како селекторот со низа навреди ги понижува своите играчи.
Ова доаѓа по серија незадоволителни резултати, откако Хрватска заврши на 12. место. Инцидентот отвори сериозни прашања за работата во младинските категории на хрватскиот ракомет, а ХРС е под притисок да реагира транспарентно и соодветно.
Скандалoт со навреди доби епилог – хрватскиот селектор поднесе оставка!