Скандалoт со навреди доби епилог – хрватскиот селектор поднесе оставка!

По појавувањето на аудио снимката на која се слуша како селекторот на хрватската машка младинска репрезентација, Борис Дворшек, навредува и понижува свои играчи во соблекувалната, хрватската јавност бурно реагираше, а приказната брзо доби свој исход – Дворшек официјално поднесе оставка!

Снимката, која кружеше на социјалните мрежи, ги шокираше љубителите на спортот поради крајно несоодветната комуникација на селекторот.

Во неа, Дворшек им се обраќа на младите ракометари со навреди, пцовки и дискредитации, обвинувајќи ги дека се „кретени“, „неперспективна генерација“ и дека „ги боли к*р за репрезентацијата“.

Покрај ова, тој ги омаловажи клубовите од кои доаѓаат некои од репрезентативците, велејќи дека само Загреб, Нексе и Сесвете се сериозни екипи, а останатите ги нарече „рекреативци“.

Хрватскиот ракометен сојуз сè уште нема официјално соопштение во врска со оставката, но јасно е дека притисокот од јавноста и медиумите го натераа Дворшек да се повлече. Случајот отвори сериозни прашања околу комуникацијата и менталното здравје на младите спортисти, но и за критериумите при избор на селектори во младинските категории.

„Вие сте кретени и идиоти, ве боли к*р за репрезентацијата“