Машката младинска репрезентација на Хрватска го освои 12 место на СП 2025 во Полска, по поразот од Австрија, но спортскиот дел падна во втор план поради несоодветното и навредливо однесување на селекторот Борис Дворшек.
Тој по натпреварот целосно го изгуби трпението пред своите играчи. Снимка од соблекувалната излезе во јавноста и предизвика бурни реакции во хрватската јавност.
„Имате ли што да кажете? Немате, нели? Сè сте рекле за себе на теренот. Знаеме дека сте идиоти, кретени и дека сте тотално неперспективна генерација.“
Покрај навредите кон репрезентативците, селекторот ја омаловажи работата на клубовите од кои доаѓаат играчите.
„Загреб, Нексе и Сесвете се единствените сериозни клубови во Хрватска. Сè друго, како Пореч или Вараждин, се рекреативци. Такви клубови не ги признавам.“
Освен тоа, Дворшек ги обвини играчите дека немаат национален мотив.
„Австријците играат со гордост за својата репрезентација, а вас ве боли к*р затоа што сте кретени.“
Најшокантно од сè – им се обрати со вулгарности и пцовки, дури и кон мајките на некои играчи, а на капитенот му нареди да молчи.
По објавувањето на снимката, хрватската ракометна јавност бара итна реакција од Ракометниот сојуз на Хрватска. Засега, од сојузот нема официјален став, но се очекува интерна истрага и можно дисциплинско постапување против Дворшек.
*Аудио снимката од „мотивацискиот“ говор од хрватската соблекувална, кој не е примерен за лица под 18 години, може да ја преслушате ТУКА.