Германија ја чека Македонија во Гумерсбах – цените на билети од 19 до 35 евра!

Ракометната федерација на Германија го одреди датумот за натпреварот од квалификациите за Европското првенство во 2026 година против Македонија.

Германките ќе ја пречекаат Македонија во градот Гумерсбах на 16 октомври во „Швалбе Арена“, а дополнително ќе биде позната саатницата.

Билетите за овој дуел се веќе во продажба, а може да се купат ТУКА. Има четири категории, од 19 и 25 евра се оние зад головите, додека останатите чинат 29 и 35 евра.

Германија ќе биде домаќин на Светското првенство кон крајот на годинава, па мечевите со Македонија и Белгија ќе бидат загревање за многу поважниот настан.

Покрај Македонија и Германија, во квалификациската група се уште селекциите на Словенија и Белгија, а ЕП 2026 година ќе се игра во Романија, Полска, Словачка, Чешка и Турција.