Германскиот гигант Кил се соочува со сериозни финансиски последици поради неучеството во најпрестижното европско натпреварување – Лигата на шампионите.
Генералниот директор на клубот, Виктор Силаѓи, во интервју за „Килер Нахрихтен“ откри дека клубот губи околу еден милион евра годишно, бидејќи приходите од натпреварувањето во Лигата на Европа се значително пониски.
„Се уште се прилагодуваме на нивото на приходи што го носи Лигата на Европа. Следната сезона повторно ќе биде предизвикувачка, и на спортски и на економски план. Годишно губиме околу милион евра поради пониска продажба на билети и помал интерес од спонзори“, изјави Силаѓи.
И покрај овие финансиски предизвици, Кил успеа да го минимизира ударот благодарение на победата во Купот на Германија и настапот во завршницата на Лигата на Европа.
„Сите во клубот вложуваме напори за да се вратиме во Лигата на шампионите. Тоа е наш приоритет – и спортски, и финансиски“, додаде спортскиот директор.
Кил, кој е еден од најуспешните клубови во историјата на ракометната ЛШ, очекува враќањето во елитата не само да го засили имиџот, туку и да го стабилизира буџетот.