„Овчарите“ од Фарски Острови ќе се борат за медал на СП!

Селекциите на Данска, Португалија, Шведска и Фарски Острови се полуфиналистите на Светското првенство за младинци во Полска.

„Овчарите“ од Фарски Острови одамна не се сензација, ниту изненадување, а тоа на своја кожа го почувствува Словенија, која беше совладана со 35-33, а најзаслужен беше голманот Александар Лачок со 14 одбрани.

Митун даде шест гола и за првпат не беше најефикасен во репрезентацијата, а за тоа се погрижи Исак Веделбом кој имаше десет реализации. За Словенија премалку беа 14 гола на идната ѕвезда, Аљуш Анжиќ.

Фарски Острови дојде на ова СП со вајлд-карта од ИХФ, а еве дотурка и до полуфиналето.

Во скандинавскиот двобој, Данска дури во финишот успеа да го скрши отпорот на големиот ривал и се пласира во ТОП 4. Голманот Вулф имаше клучни интервенции во финишот и и помогна на Данска во походот кон триумф.

Португалците беа убедливи против Египет, додека изненадувачки Швеѓаните лесно се справија со актуелниот шампион Германија.

Во полуфиналето Фарски Острови ќе игра со Португалија, додека Данска ќе се соочи со Шведска.

Светско првенство младинци, четвртфинале:

Данска – Норвешка 25-23
Португалија – Египет 30-26
Германија – Шведска 26-32
Словенија – Фарски Острови 33-35

Светско првенство младинци, разигрување за пласман:

Австрија – Франција 24-27
Аргентина – Мароко 32-33
Кореја – Тунис 29-31
Хрватска – Шпанија 31-34
Уругвај – Мексико 24-22
Канада – Саудиска Арабија 21-44
Унгарија – Романија 31-19
Полска – Исланд 22-38
Алжир – Србија 25-34
Јапонија – Швајцарија 28-40
Бразил – Македонија 37-38
САД – Бахреин 29-26