Словенечкиот плејмејкер Сташ Скубе се врати во татковината, откако се договори за трансфер во амбициозниот Слован Љубљана.
Скубе потпиша договор на две сезони и ќе остане во тимот предводен од Урош Зорман најмалку до 2027 година.
По настапите за Тримо Требње и Горење Велење, Скубе во 2016 година замина во ПИК Сегед, каде остана две сезони.
Потоа патот го донесе во Вардар, каде играше исто така две сезони до 2020 и освои титула во Лигата на шампионите.
Следуваа две сезони во белорускиот Мешков Брест, а од 2022 беше член на францускиот Монпелје.
Покрај Скубе, словенечкиот првак Слован се договори и со десното крило Гал Маргуч, кој доаѓа од хрватскиот Нексе Нашице.