Легендарниот хрватски ракометар Златко Хорват по пет сезони надвор од татковината се врати дома.
Десното крило во новата сезона ќе ги брани боите на Дубрава, која влегува со зголемени амбиции наредната сезона во хрватскиот шампионат.
Хорват има 40 години, во 2020 година по цели 18 сезони во Загреб, реши да го прифати повикот од Металург, каде остана една и пол сезона.
Потоа беше дел од унгарскиот Дабас, каде остана до ова лето кога реши да се врати во Хрватска и да ја засили Дубрава.
За репрезентацијата, Хорват играше на 182 натпревари во текот на 15 години и постигна 565 погодоци.