ЕХФ го избра идеалниот тим на сезоната – има тројца ракометари од европскиот првак

Европската ракометна федерација го објави идеалниот тим на сезоната во машка конкуренција по сумирањето на гласовите од сите инволвирани страни.

Меѓу најдобрите има тројца ракометари од европскиот првак Магдебург, по еден од Фуксе Берлин и Фленсбург, Барса, како и од унгарските гиганти ПИК Сегед и Веспрем.

Од 18 до 23 јуни, играчи, тренери, новинари и фанови гласаа за идеалниот тим на сезоната и секој од сегментите имаше удел од 25%.

ЕХФ ќе избере МВП и најдобар млад играч и ќе ги соопшти за време на ждрепката за групите за новата сезона во Лигата на шампионите на 27 јуни од 15:00 часот.

Тим на сезоната 2024/25:

лево крило: Емил Јакобсен (Данска, Фленсбург)
лев бек: Феликс Клар (Шведска, Магдебург)
среден бек: Гисли Кристјансон (Исланд, Магдебург)
десен бек: Матијас Гидсел (Данска, Фуксе Берлин)
десно крило: Марио Шоштариќ (Хрватска, ПИК Сегед)
пивот: Лудовик Фабрегас (Франција, Веспрем)
голман: Емил Нилсен (Данска, Барселона)
дефанзивец: Магнус Саугструп (Данска, Магдебург)