Легендарниот шпански стратег Чави Пасквал денеска беше официјално претставен како нов селектор на репрезентацијата на Египет.
Каталонскиот тренер ја презема функцијата од Хуан Карлос Пастор со долгорочна мисија — да ја води репрезентацијата во олимпискиот циклус за Лос Анџелес 2028.
Интересно е што Пасквал нема да ја прекине својата работа како тренер на унгарскиот гигант Веспрем, каде што останува ангажиран и понатаму.
Шпанскиот стратег, кој претходно ја предводеше репрезентацијата на Романија во два наврати (2016–2018 и 2021–2024), во составот на Веспрем веќе има четворица египетски репрезентативци — Јехија Елдера, Ахмед Хешам, Ахмед Адел и поранешниот играч на Барселона, Али Зеин.