Фарски Острови ја тресна Франција и оди во четвртфинале на СП!

Селекцијата на Фарски Острови се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство за младинци во Полска по триумфот над Франција со 28-27.

Данска, Шведска и Португалија исто така обезбедија место во ТОП 8 и ќе разигруваат за место на финалниот викенд.

Фарски Острови ја остави Франција без погодок во последните десетина минути, за тоа време Митун и компанија погодуваа, а Французите не успеаја да го погодат ниту последниот напад за реми и почна радоста на Фараните.

Митун даде девет гола и подели девет асистенции, па заслужено беше прогласен за МВП на мечот.

Словенија и Норвешка се на чекор до четвртфиналето, додека своето место таму го потврди и Египет.

СП младинци Полска, главна рунда, резултати, 1 коло:

група 1
Норвешка – Унгарија 37-33
Австрија – Словенија 27-28

група 2
Шведска – Хрватска 32-28
Португалија – Јапонија 46-28

група 3
Данска – Романија 37-30
Фарски Острови – Франција 28-27

група 4
Египет – Швајцарија 28-25
Германија – Шпанија 35-35

СП младинци Полска, Президент Куп, резултати, 1 коло:

група 1
Аргентина – Уругвај 35-16
Полска – Бразил 31-26

група 2
Кореја – Канада 32-29
Алжир – САД 26-20

група 3
Мароко – Македонија 30-26
Исланд – Мексико 41-24

група 4
Србија – Саудиска Арабија 35-30
Бахреин – Тунис 27-39