Поранешниот македонски репрезентативец Немања Прибак би требало да му биде асистент на шпанскиот стратег Раул Гонзалес на клупата на машката репрезентација на Србија.
Според „Моцарт Спорт“, Гонзалес и Прибак, кои своевремено соработуваа и во Вардар, повторно ќе соработуваат, но овојпат на српската клупа.
Во стручниот штаб на Гонзалес би требало да биде и кондицискиот тренер Марија Лојаница, која беше дел од Вардар во времето на Шпанецот.
Тренер на голмани ќе остане Михајло Радосављевиќ, кој и досега ја извршуваше оваа функција со претходниот селектор.
Србија обезбеди место на ЕП 2026 во Данска, Шведска и Норвешка, па своето деби Раул Гонзалес ќе го има на големо натпреварување.