Играше за Прилеп и Охрид, сега потпиша за романска Констанца!

Левото крило Хазеин Рустамов, по две сезони во Босна и Херцеговина, ќе има нов предизвик во кариерата.

Грузискиот репрезентативец, кој е македонски зет, се сели во романска Констанца, каде потпиша договор на две сезони.

Рустамов во Македонија настапуваше три сезони, од кои две во тимот на Прилеп и една сезона во Охрид.

Потоа се пресели во босанскиот шампионат каде ги носеше дресовите на Искра Бугојно и Слобода Тузла.

Тој е стандарден репрезентативец на Грузија со која настапи на ЕП 2024, а обезбеди пласман и на ЕП 2026.