Со одигрувањето на дуелот меѓу Македонија Б и Србија, кој го доби северниот сосед со 31-23, заврши групната фаза на четвртото издание на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“.
Претходно Македонија А славеше убедливо против Босна и Херцеговина со 40-28 и ќе игра за првото место.
Натпреварот за петтото место е утре наутро од 09:30 часот, битката за трето место ќе се игра од 11:00 часот, додека финалето е од 18:00 часот.
Меморијален турнир „Марко Божиновски“
09:30 Романија – Босна и Херцеговина
11:00 Македонија Б – Катар
18:00 Македонија А – Србија