За следната сезона стручниот штаб на Вардар ќе биде засилен со познато ракометно име од Хрватска. Прославениот хрватски голман Марио Келентриќ ќе се приклучи на Вардар како нов тренер на голманите, дознава 24Ракомет.
Досегашниот тренер на голмани Стојан Петрушевски останува во тимот, и ќе биде одговорен за работата со голманите во сите млади категории, и создавање на нов „домашен производ“, но ќе работи и на скаутирање на играчи.
Келентриќ беше дел од златната генерација на Хрватска, која го освои златото на Светското првенство во 2003 година во Португалија и сребро на Олимписките игри во Атина 2004. Во текот на својата кариера го бранеше голот на клубови како Запрешиќ, Загреб, Медвешчак, Целје, Метковиќ, Тусем Есен, Вернон и Мелсунген, каде што ја заврши својата играчка кариера.
Тој беше дел и од стручниот штаб на Гумерсбах во Германија, каде што од летото 2021 година беше тренер на голманите не само во Бундеслигашката екипа, туку и во младинската академија. По четири години, Келентриќ и клубот се разделуваат по завршувањето на сезоната 2024/25. Исто така работеше и како тренер на голманите во репрезентацијата на БиХ.
Пред тоа, Келентриќ имаше краток престој и во ППД Загреб, но таму беше изненадно заменет од Ариан Јовиќ. Брзо потоа, беше најавен како нов тренер на Слога Добој, екипа која го заврши првенството на четвртото место во Босна и Херцеговина и обезбеди пласман во ЕХФ Купот.