Во Автокоманда промовирани седум засилувања

Актуелниот освојувач на ЕХФ Купот ги промовираше засилувањата за наредната сезона, па Кирил Лазаров одново ќе има силен тим на располагање за битките на сите фронтови.

Како што одамна најави 24Ракомет, нови ракометари на „сино-белиот“ тим од Автокоманда се левите бекови Урош Борзаш и Емилијан Ѓорговски, како и десното крило Ненад Костески, кои доаѓаат од шампионскиот тим на Еурофарм Пелистер.

24Ракомет ги најави трансферите на уште двајца репрезентативци, кои денеска се официјализираа. Од Вардар во Автокоманда се сели и кружниот напаѓач Михаил Аларов, додека од Прилеп доаѓа младинскиот репрезентативец Давид Трајкоски.

Од „витамините“ во првиот тим на Лазаров ќе се пресели голманот Ѓорѓи Николовски, додека од позајмицата во Дубочица Лесковац се враќа десниот бек Михаил Иваноски.

Од Автокоманда заминуваат Франциско Силва, Давид Саврески и Благојче Трајкоски.