📷 На радоста и нема крај – се славеше до рани зори во Битола, прославата продолжува и денеска

Ракометарите на Еурофарм Пелистер славеа со 32-30 против Вардар и третпат по ред се шампиони на Македонија.

По славјето во „Јане Сандански“ со навивачите „Чкембари“, битолските ракометари се вратија дома.

Славеничката атмосфера во Битола траеше до раните утрински часови, а прославата ќе продолжи и во текот на денешниот ден.

Таа би требало да започне од 20:00 часот пред Офицерскиот Дом, а градоначалникот на Битола најави парична награда за ракометарите.