ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Бутел Скопје ја затвора суперлигашката сезона

Денеска ќе се игра последниот натпревар од Супер лигата, а тимот на Бутел Скопје ќе се соочи со „сино-белите“ од Автокоманда.

Meчот ќе се игра со почеток во 17:00 часот во салата во Автокоманда, но нема влијание на конечниот изгледа на табелата.

Титула ќе се додели во Веспрем, каде што најдобрите два унгарски тима ќе играат мајсторка во финалната серија.

Во Шпанија се игра финале на Купот, а во Бундес лигата на програмата е последното коло по кое ќе биде познат шампионот.

Во Грција се игра третиот меч од финалната серија меѓу АЕК и Олимпијакос.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: 

17:00 БУТЕЛ СКОПЈЕ – АЛКАЛОИД (МАКЕДОНИЈА)
17:45 ВЕСПРЕМ – ПИК СЕГЕД (УНГАРИЈА)
16:00 АЕК АТИНА – ОЛИМПИЈАКОС (ГРЦИЈА)
18:00 АДЕМАР ЛЕОН – БАРСЕЛОНА (ШПАНИЈА КУП)