19 Екипи се пријавија за новата сезона во Лигата на шампионите!

Само неколку дена по финалето на Лигата на шампионите за жени во сезоната 2024/25, кое заврши со триумфот на Ѓер и нивната седма европска титула, Европската ракометна федерација ги објави имињата на 19 клубови кои се регистрирани за следната сезона во елитното натпреварување.

Девет екипи, меѓу кои се и четирите учесници на завршниот турнир – Ѓер, Мец, Оденсе и Есбјерг имаат загарантирано место за сезоната 2025/26.

Има десет клуба се во конкуренција за апгрејд, со што би добиле можност да се приклучат кон елитата.

Според правилата на ЕХФ, сите национални федерации, освен онаа што е првопласирана на листата во ЕХФ Европската лига за 2025/26 – Данска, можеа да аплицираат за максимум две екипи од ЛЕ во ЛШ. Данската федерација, како највисоко рангирана, имаше право на една апликација.

Како и претходно, во сезоната 2025/26 ќе учествуваат вкупно 16 екипи, со систем на натпреварување кој останува непроменет – две групи со по осум тима во групната фаза.

Сите апликации ќе бидат разгледани од страна на Извршниот Комитет на ЕХФ, а конечниот список на учесници ќе биде објавен на 24 јуни.

Екипи со директно место во ЕХФ Лига на шампиони за жени 2025/26:

Есбјерг, Оденсе, Лудвигсбург, Ѓер, Мец, Будуќност, Сторхамар, ЧСМ Букурешт, Крим

Екипи со барање за место во ЕХФ Лига на шампиони за жени 2025/26:

Подравка, Икаст, Брест Бретањ, Борусија Дортмунд, ФТЦ, Дебрецин, Сола, Тертнес, Глорија Бистрица, Баја Маре