Висла Плоцк се раздели со шестмина ракометари

Висла Плоцк втора сезона по ред ја освои титулата во полскиот шампионат откако го доби двобојот во финалната серија со Келце со 2-0 во победи.

Еден ден по титулата, полскиот клуб ја потрди разделбата со шестмина ракометари од актуелниот играчки кадар.

Од Плоцк заминуваат голманот Виктор Гисли Халгримсон (Барселона), Лука Степанчиќ (Ѓер), Томаш Пирох (Лајпциг), Дмитри Житников, Марко Паниќ и Филип Михалович.

Досега се потврдени трансферите на голманот Торнбјорн Бергеруд, десните бекови Зоран Илиќ и Мелвин Ричардсон.