Ракометарите на Охрид утре гостуваат во Автокоманда кај „сино-белите“, кои во последен момент го променија терминот за овој натпревар.
Затоа охриѓани решија на оваа пресметка да играат со младински состав, а левото крило Никола Ристески вели ќе биде меѓу поискусните ракометари.
„Ќе имаме изменет состав, но мора да се подготвиме за гостувањето во Автокоманда, каде знаеме што не очекува. Се надеваме дека ќе биде добар натпревар, иако ќе имаме комбинација од пионери, кадети и младинци. Како што сме мотивирани на секој меч, така ќе биде и на овој, сеедно што ќе имаме изменет ростер. Јас ќе се обидам да ги мотивирам и сите мои помлади соиграчи, да покажеме дека Охрид е расадник на добри ракометари, иако домаќините имаат еден од најдобрите состави во Македонија“, вели Ристески.
Натпреварот меѓу тимот на Кирил Лазаров и Охрид се игра в петок од 18:00 часот во салата во Автокоманда.