Еден од најдобрите стрелци во Супер лигата, Ани Обина, на крајот на оваа сезона ќе го заврши својот престој во Македонија.
На нигерискиот десен бек му завршува договорот со Тиквеш и тој ќе ја продолжи кариерата францускиот клуб Бијер.
Тој дојде во Кавадарци пред две сезони од рускиот Зенит, остави одличен впечаток и веднаш стана миленик на „Лозари“.
Обина e најдобриот стрелец на кавадаречкиот тим, па раководството ќе мора да се потруди да најде соодветна замена.
Новиот клуб на Обина, Бијер, игра во плеј-офот за француската елита, а нигерискиот десен бек се обврза на договор на една сезона.